Македонско друштво „Илинден“-Тирана, преставувано од претседателот Никола Ѓурѓај, во Тирана потпишаа Меморандум за соработка со Здружението ВАРДАР-МКД од Подгорица, Црна Гора, преставувано од потпретседателот, адвокатот Никола Ангеловски, со цел промоција на македонските национални малцинства во Република Албанија и Република Црна Гора на национално и меѓународно ниво.

Двете здруженија покажаа интерес за градење на партнерство во спроведување на конкретни проектни активности со намера да ги реализираат заедничките цели преку взаемни проекти.
Нивна цел ќе биде да спроведуваат истражувања, креирање, развој и промоција во разни манифестации, како и промовирање и поддршка на научни, културно-уметнички, спортски и хуманитарни активности и манифестации.

































