Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, денеска ги повика државните разузнавачки служби да преземат активности против непријателите и во земјата и надвор од неа. Повикот следи по објавата дека портпаролот на Иранската револуционерна гарда загинал во напад.
Објавата на сметката на Хамнеи на социјалната мрежа „Икс“ дојде по смртта на министерот за разузнавање, Есмаил Хатиб, кој беше убиен оваа недела. „Преостанатите службеници и вработени во ова чувствително министерство“ мора да ја надоместат празнината што ја остави неговата смрт, се наведува во објавата.
Моџтаба Хамнеи не се појави во јавноста и не објави аудио или видео снимки откако беше именуван за врховен лидер на 8 март, што предизвика шпекулации за неговото здравје. Тој го наследи својот татко, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во израелски воздушен напад врз Техеран на 28 февруари. Моџтаба Хамнеи, исто така, загуби и сопруга и мајка.































