Фото: Фејсбук на Орце Ѓорѓиевски

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска упати искрено сочувство до семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани, истакнувајќи дека и по една година, тешко е да се поверува дека се случила ваква трагедија.

-Некои празнини времето никогаш не успева да ги пополни. Некои рани, колку и да минуваат денови, месеци или години, засекогаш остануваат во срцето на еден народ. Една година без нашите ангели. 63 неостварени соништа, 63 семејства кои останаа завиени во црно – напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

Тој додаде дека болката е колективна, не само на семејствата, и дека Кочани не смее да биде само сеќавање на трагедија, туку и потсетник дека општеството мора да се обедини и да биде поодговорно за никогаш повеќе ваква болка да не се повтори.

-Деца златни, почивајте во мир. Вашите имиња и насмевки засекогаш ќе живеат во нашите срца. Вечна ви слава – порачува градоначалникот.