Извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигнал 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во споредба со 2024 година, покажуваат податоците на Народната банка.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на Фејсбук нагласи дека македонската ИКТ индустрија продолжува да руши рекорди и дека секторот остварува постојан раст и позитивен трговски биланс.
– Убави вести денеска, македонската ИКТ индустрија продолжува да руши рекорди во економијата. Според податоците на Народната банка, извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигна 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во однос на 2024 година. Особено значајно е што ИКТ секторот остварува постојан раст и позитивен трговски биланс – напиша министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на Фејсбук
Во 2025 година увозот на ИКТ услуги изнесувал 197 милиони евра, што значи дека нето ефектот за економијата е суфицит од 438 милиони евра.
Најголемиот дел од извозот потекнува од компјутерските услуги, кои достигнале речиси 600 милиони евра. Според министерот Андоновски, овие резултати ја потврдуваат улогата на ИКТ секторот како еден од клучните двигатели на економскиот раст, извозот и технолошката трансформација на земјата.
































