Информативната сесија „Фер ангажман“ посветена на примената на Законот за работно ангажирање лица, дел од проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Македонија“, денеска се одржа во Прилеп, со цел работодавачите практично да се информираат за придобивките и правата уредени со закон, а се опфатени дејностите земјоделие, туризам, угостителство, услуги во домаќинството.
-Со законот се обезбедуваат фер правила за сезонска и прекувремена работа, пријавување на лицата, пензиски стаж, осигурување при повреда, зачувување на социјалните права на работниците и поедноставна електронска регистрација за работодавачите. Ова е модерно решение и пријавата може да се изврши многу лесно – изјави Марија Ристеска, извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики, кој проектот го спорведува со Германското друштво за меѓународна соработка и Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување.
Сега сите корисници на помош, пенизонери, студенти, невработени…, ќе можат да се вклучат во системот. Од истражувањето се увидело дека на овој начин во земјоделието ќе можат да опфатат околу 20.000 луѓе, но бидејќи ќе се спроведува и во други дејности бројката може да е поголема.
Според заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, законот е многу лесен за имплементација.
– Главанта цел на законот е сузбивање на сивата економија. Очекуваме што повеќе луѓе, студенти, пензионери и други што се чувствуваат работоспособни да го користат законот – изјави заменик минстерот Ристески, при тоа посочувајќи дека интересот е голем, но засега не е употребен системот за пријавување и затоа се користат вакви информативни денови за запознавање на работодавачите.
Ка.М.































