Британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека Велика Британија испраќа четири дополнителни борбени авиони „Тајфун“ кои ќе се приклучат на британската ескадрила стационирана во Катар.
Тој најави дека хеликоптери „Вајлдкет“, опремени со системи за борба против дронови, утре ќе пристигнат на Кипар, додека британскиот воен брод „ХМС Драгон“ ќе биде распоредeн во Медитеранот.
Стармер истакна дека на Соединетите Американски Држави им е дозволено да ги користат британските воени бази за извршување одбранбени операции.
– Ние ќе го одржуваме овој штит над британскиот народ во регионот и нашите сојузници – изјави Стармер.
Тој додаде дека британската влада секојдневно работи на зајакнување на безбедносните мерки и на евакуација на луѓе од регионот на Персискиот Залив.
































