Професионалниот развој на полицијата во регионот зависи од ефикасноста на мерките за спречување и борба против прекуграничниот организиран криминал, како и од развивање на регионалните партнерства меѓу полициите и заедниците.
Ова го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето пред учесниците на Годишното собрание на шефовите на полициите на државите од Југоисточна Европа, што од денеска се одржува во Охрид.
– Регионалната соработка, добрососедските односи и градењето доверба меѓу нас се клучни елементи за стабилноста на нашите земји и регионот. Тие треба да бидат наш императив независно проблемот со кој се соочуваме. Индивидуалните постигнувања ќе бидат запаметени, но секогаш на прво место мора да се стави тимскиот дух и компактноста што ја покажуваме – рече Спасовски.