Генералот на Иранската револуционерна гарда, Маџид Ебнелреза е назначен за привремен министер за одбрана на Иран од страна на претседателот Масуд Пезешкијан, откако неговиот претходник беше убиен во американски и израелски напади, пренесува МИА.
– Со одлука на претседателот Масуд Пезешкијан, генералот на Револуционерната гарда, Маџид Ебнелреза е назначен за привремен министер за одбрана – изјави портпаролот на претседателот во соопштение објавено на „Икс“.
Шефот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Лариџани објави на „Екс“ дека „Иран, за разлика од САД, се подготвил за долга војна“. Тој претходно ја отфрли можноста за преговори со САД.
































