Фото: ЦИА/Фејсбук

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) имала клучна улога во подготовките пред нападот врз иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, објави „Њујорк Тајмс“.

Според весникот, кој се повикува на неколку неименувани извори запознаени со операцијата, ЦИА со месеци го следела Хамнеи, собирајќи разузнавачки информации за неговото движење и секојдневни навики.

Агенцијата, како што се наведува, добила сознанија дека вчера наутро во станбен комплекс во центарот на Техеран ќе се одржи состанок на високи ирански функционери, на кој требало да присуствува и Хамнеи.

Врз основа на тие информации, САД и Израел го промениле тајмингот на нападите врз Иран. Иако првичниот план предвидувал напад во текот на ноќта, според извештајот, времето било приспособено по добиените разузнавачки податоци.