Фото:ЕПА

Швајцарската влада соопшти дека ќе исплати финансиска поддршка во износ од по 56.000 долари за повредените лица и за семејствата на загинатите во пожарот што избувна во бар во ски-центарот Кранс-Монтана за време на новогодишната ноќ. Во трагедијата животот го загубија 41 лице, додека 115 беа повредени.

Од владата посочија дека исплатата претставува гест на сочувство и форма на помош за погодените семејства, при што надоместокот ќе се однесува на секое лице кое починало или било хоспитализирано како последица од пожарот.

Дополнително, најавено е организирање средба меѓу семејствата на жртвите, повредените, претставници на владата и осигурителните компании, со цел постигнување спогодба и избегнување судски постапки. За оваа намена владата најави издвојување на 20 милиони долари.

Планирано е и префрлање на 8,5 милиони долари кон кантоните за покривање на вонредните трошоци поврзани со настанот.

Според информациите, пожарот избувнал кога таванот на барот се запалил од искри предизвикани од прскалки, а најголемиот дел од жртвите биле тинејџери и странски државјани.