Бројот на загинати лица во поплавите што го зафатија југоисточниот дел на Бразил достигна најмалку 36 – соопштија властите во бразилската сојузна држава Минас Жераис.
Од Противпожарната служба на Минас Жераис информираа дека 33 лица сè уште се водат како исчезнати, додека околу 3.000 жители биле евакуирани и принудени да ги напуштат своите домови поради зголеменото ниво на водата.
Метеоролошките служби предупредуваат на нов бран обилни врнежи во наредните денови, што предизвикува загриженост од можни нови свлечишта и дополнителни штети.
Во градовите Жуиз де Фори и Уба улиците се покриени со кал, а наставата во училиштата е привремено прекината.
Градоначалничката на Жуиз де Форе, Маргарида Саломао изјави дека од понеделникот, кога започнале интензивните дождови, биле регистрирани најмалку 20 свлечишта.

































