Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во областа на Елбасан, во Албанија, а потресот бил почувствуван и во македонските градови Дебар, Струга и Охрид.
Според достапните податоци, земјотресот се случил во 20.06 часот, на длабочина од 13 километри.
Епицентарот бил лоциран на околу 7 километри северозападно од Лушња и 31 километар југозападно од Елбасан.
Во моментов нема пријави за материјална штета предизвикана од земјотресот.

































