фото: Пекселс

Американските вооружени сили денеска го започнаа процесот на повлекување од нивната најголема воена база во североисточна Сирија, откако властите во Дамаск ја зацврстија контролата врз територијата на земјата. Ова го пренесуваат британски медиуми, повикувајќи се на неименувани безбедносни извори.

Како што се наведува, неколку десетици камиони, дел од нив натоварени со оклопни возила, денеска ја напуштиле базата Касрак, која се наоѓа во областа Хасака, пренесе МИА.

Во случај на целосно напуштање на базата Касрак, присуството на американските сили во Сирија би се свело само на базата Рмелан, лоцирана во близина на границата со Ирак.

Базата Касрак повеќе од една деценија претставуваше клучна локација за операциите против организацијата Исламска држава.

Според информациите, процесот на повлекување од оваа база се очекува да трае околу еден месец.