МД Илинден, Тирана

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик (21 февруари), од Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, упатија искрена честитка до македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот.

– Со честитката сакаме да го нагласиме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи токму тоа претставува најважен сегмент во зачувувањето на идентитетот и културните обележја на секој народ – се наведува во пораката.

Знаењето и негувањето на македонскиот јазик кај децата од македонското национално малцинство во Албанија значи јакнење и зачувување на националниот и културниот идентитет. Со тоа, младите генерации ќе бидат воспитани да ги ценат и продолжат своите културни и верски традиции, додаваат од Македонското друштво „Илинден“ во честитката.