Силниот ветер денеска откорна дел од лимениот покрив на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Настанот, како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), бил пријавен на бројот за итни повици 112, пренесе МИА.
Според информациите, нема повредени лица. За справување со ситуацијата побарана е интервенција од службени лица на МВР и од надлежните институции.
– За настанот се информирани ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат понатамошни активности во рамките на своите надлежности – наведуваат од ЦУК.
































