Во 2025 година, криминалистичката полицијата на СВР Битола, во рамки на
борбата со недозволената трговија со дрога на подрачјето на општините Битола и
Прилеп, лишила вкупно 324 лица, инволвирани во трговија на дрога и психотропни
супстанци. Притоа, велат од СВР Битола, поднесени биле вкупно 78 кривични пријави за сторени 94 кривични дела против 102 сторители.
-Позитивните резултати во откривањето ан трговијата со дрога се должат на низата
преземени мерки и активности, постојаното присуство на полициски службеници од СВР Битола на терен, зачестените контроли на лица и возила, средбите со месните и урбани заедници, поголемата соработка со граѓаните, акциските контроли и јакнењето на довербата помеѓу полицијата и населението. Сето ова придонесува за поголема ефикасност во расветлувањето на овој вид на извршени кривични дела, со тенденција откривачката дејност да се зголеми во периодот што следува – потенцираат од СВР Битола.
Во 2025 година биле извршени вкупно 86 претреси на домови, од кои на подрачјето
на Битола 51 претрес, на подрачјето на Прилеп 31 претрес на домови, на подрачјето на Демир Хисар извршени се два претреси, на подрачјето на Ресен извршен е еден претрес на дом и на подрачјето на Крушево, исто така, еден претрес, при што биле пронајдени и одземени марихуана, хероин, кокаин, амфетамин различни таблети.
Како најчести жртви од употребата на дрога и психотропни супстанции се јавуваат
млади лица, односно средношколци, кои најчесто употребуваат марихуана, а констатирано е дека се продава и консумира и кокаин, амфетамин и екстази.
-Извршителите на овие кривични дела најчесто се корисници и дилери и кај нив при
личен преглед се пронаоѓаат помали пакувања на дрога, како би можеле полесно да ги сокријат и да ги прикажат дека се за лична употреба, а не за препродавање. Најчесто, продажбата на наркотици се врши преку претходно договарање по телефон или со користење на разни апликации на интернет, а доставата се врши на тој начин што дилерот му ја остава дрогата на корисникот на определено договорнео место, а парите се врачуваат подоцна – објаснуваат од СВР Битола, од каде велат дека продолжуваат со преземање на интензивни мерки и активности за разбивање на криминални групи и за поднесување на соодветни пријави. Ка.М.


































