Фото: Фејсбук

ИН МЕМОРИАМ

Легендата на македонскиот фудбал, Васил Рингов, почина на 70-годишна возраст. Роден во Струмица, Рингов ја почна кариерата во младинските категории на Беласица, а своите најблескави моменти ги доживеа во дресот на Вардар, за кој одигра повеќе од 200 натпревари во поранешните Прва и Втора југословенска лига, постигнувајќи 92 гола. Во кариерата настапуваше и за Партизан, Тетекс, Динамо Загреб и за Ајнтрахт Брауншвајг.