Папата Лав Четиринаесетти синоќа повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет, не споменувајќи никаков конкретен конфликт, но изразувајќи жалење што „Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје“.
-Ја повторувам оваа молба до сите луѓе со добра волја да одбележат барем еден ден мир на овој празник на раѓањето на Спасителот – рече папата додека ја напушташе својата резиденција во Кастел Гандолфо, во близина на Рим, пред да се врати во Ватикан.
-Можеби ќе нè послушаат и ќе има 24 часа мир во целиот свет- додаде американскиот папа.
-Она што особено ме растажува е фактот дека Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје – забележа тој.
Лав XIV вечерва ќе ја прослави својата прва божиќна миса откако беше избран за папа, а утре напладне ќе го даде традиционалниот благослов „Urbi et Orbi“, во кој понтифот традиционално дава преглед на светските конфликти.
































