Фото: „Нова Македонија“

Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика денеска го прифати Предлогот законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, што се носат по скратена постапка, во второ читање, и го проследи во натамошна собраниска процедура.

За предлог законот не беа доставени амандмани. Со него се прецизираат одредбите и се врши усогласување со одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

– Заради поефикасно функционирање на органите на државната управа и прилагодување на современите потреби во некои области, меѓу кои во економијата и
пазарот на труд, се пристапи кон измена и дополнување на Законот за организација и
работа на органите на државната управа, со кој Министерството за економија се
преименуваше во Министерство за економија и труд. Заради конзистентност на правниот систем и доследна примена на законските одредби во однос на надлежностите на ова министерство утврдени во член 11 со кој се менува членот 20 од Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, потребно е усогласување на овие одредби со одредбите на постојните закони со кои се уредува оваа област, се вели во образложението – се вели во образложението на предлог законот.