Фото: Пиксабеј

Основниот суд Кавадарци го осуди кавадарчанецот Илија Панов на 16 години затвор за убиство на партнерката Сузана.

Во јануари оваа година, МВР соопшти дека жената што беше пронајдена почината од ќерката била убиена, а полицијата го уапси нејзиниот партнер.

Министерството за внатрешни работи тогаш информираше дека расчистено е убиство во Кавадарци, а осомничениот е приведен.

Полициски службеници од ОВР Кавадарци тогаш го лишиле од слобода 42- годишникот Илија Панов.

– Тој се сомничи дека на 22.01.2025 во нејзиниот дом со гушење ја убил неговата партнерка С.С.С. (52) од Кавадарци. Починатата беше пронајдена од нејзината ќерка Д.Т., која веднаш го пријавила настанот во полициска станица. Додека, по преземени мерки од полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при МВР и по извршени вештачења и анализи во координација со ОЈО Кавадарци, обезбедени се докази и дојдено е до сознание дека И.П. го сторил делото – информираа од МВР.

ОВР Кавадарци против него поднесе кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик – „убиство“, а судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци му определи мерка притвор од 30 дена и беше спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор.