Домување
Кога она малку време за себе или моменти со семејството мора да го поминеме чистејќи ја кујната, бањата или подовите, сфаќаме дека времето е навистина највредно, затоа што „деновите летаат“. Сепак, постојат некои трикови што можат да заштедат од времето што е потребно на чистење, кои вие ќе ги обожавате.
Трик со тоалетна хартија во фрижидер: Кога ќе ставите тоалетна хартија во фрижидерот, ќе се случи магија! Имено, тоалетната хартија ќе впие сѐ -од непријатни мириси до влага, така што кога ќе ја отворите вратата на вашиот фрижидер, нема да почувствувате никаков непријатен мирис. Исто така, ќе ви заштеди често чистење на веќе чист фрижидер за да се ослободите од непријатните мириси.
Трик со сода бикарбона и лимонтус: Малку сода бикарбона и лимонтус измешајте со посилен, поинтензивен детергент за садови и гледајте како дамките од кадата и од белите површини исчезнуваат. Плус, нема да ве задушува мирисот на тешка хемија, а сè ќе заблеска и ќе биде совршено чисто.
Трик со салфетка: Кога ќе истурите нешто во кујната, послужете се со трикот со салфетка. Наместо крпа, која мора да ја перете, па особено да ја одвојувате од гардеробата додека чека други крпи да се соберат во машината, користете салфетка.
Трик со сода во одводите: Зошто да купувате скапи препарати за да се ослободите од непријатните мириси во одводите? Наједноставно е понекогаш да истурате сода бикарбона во одводот.


































