Проект „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“
Христо Узунов останува запаметен како главен војвода на македонските чети од струшко- охридскиот крај, на Македонската револуционерна организација (МРО). Тој бил и член на Горскиот штаб за Охридскиот револуционерен реон во текот на Илинденското востание од 1903 година. На Прилепскиот конгрес бил избран за секретар и за окружен ревизор на четите на МРО за Охридско, Струшко и Кичевско. На 24 април 1905 година, Узунов и неговата чета биле опколени од османлиската војска во селото Цер (областа Железник). Борејќи се до претпоследниот куршум, војводата Узунов со своите комити, последните куршуми ги истрелале како саможртва, не сакајќи живи да се предадат на властите.
Со „оживеаната“, колоризирана оригинална фотографија на Узунов го затвораме првиот дел од проектот на „Нова Македонија“ „Гласот на револуционерите повторно се слуша!“.

Во следното продолжение ќе им дадеме простор на нови силни гласови од македонската револуционерна историја, а најавата ќе следува наскоро.
„Нова Македонија“ преку мислите и визиите на револуционерите сака да ги оживееме идеалите за кои се бореле – македонска држава, слобода, македонски јазик, достоинство… за да не потсетуваат на вредностите кои и денес се наши водилки.
Серијата видеа посветени на македонските револуционери од првиот дел можете да ги проследите на линковите подолу.
Христо Узунов – симбол на непокор и жртва за Македонија
Неизбришливиот печат на Димитрија Чуповски во македонската национална историја
Гласот на Рацин: поет, борец и чувар на македонската посебност и идентитет
Петар Поп Арсов – афирматор на културното и духовното издигнување на македонскиот народ, македонската самобитност и литературен јазик
Панко Брашнаров – револуционерот кој го посвети животот за политичко и национално ослободување на Македонија
Ѓорѓија Пулевски – еден од највеликите бранители на македонштината
Коле Неделковски – поетот револуционер чиј глас сè уште одекнува
Христо Татарчев – основач и визионер на македонското револуционерно движење
Мирка Гинова – учителка, револуционерка и народна хероина
Mисирков – меѓу перото, јазикот и идејата за самостојна Македонија
Питу – симболот на континуитетот на отпорот и идеалот за слободна Македонија
Дамјан Груев – волјата на револуционерна Македонија
„Нова Македонија“ ги „оживува“ зборовите на Ченто
Димитар Богоевски–Мите во песната „Триесет и девет минаја“ го претставува континуитетот на илинденската традиција
Јане Сандански: Чист став за националната, политичката, културната и духовната посебност на Македонија
ГЕНЕРАЛ АПОСТОЛСКИ: Не ни требате, му реков на бугарскиот командант кој не ја минуваше Пчиња, длабока до колена
Проект на „Нова Македонија“: Гласот на револуционерите повторно се слуша!


































