Кинескиот претседател Си Џинпинг вчера отворено и директно му рече на својот американски колега Доналд Трамп во телефонски разговор, дека „враќањето на Тајван во Кина е клучен дел од повоениот меѓународен поредок“. Ова го потврди и објави кинеската државна новинска агенција Синхуа.
„Кина и САД некогаш се бореа рамо до рамо против фашизмот и милитаризмот, а сега треба да соработуваат за да ги заштитат резултатите од Втората светска војна“, додаде во телефонскиот разговот кинескиот Претседател Си Џинпинг , а неговите зборови ги цитираше новинската агенцијаСинхуа.
И претставник на Белата куќа потврди дека Трамп и Си разговарале по телефон, но во врска со поединости од разговорот, не беа дадени никакви детали.
Тајван е составен дела на Н.Р. Кина и следствено на тоа, Пекинг го смета Тајван за дел од својот територијален интегритет и суверенитет. Затоа, Пекинг и не ја исклучува можноста за употреба на сила, доколку смета дека е потребно тоа, за да биде во целост заштитен територијалниот интегритет и суверенитет на НР Кина.



































