ШАХ

Комисијата на тренери на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) го најави официјалниот почеток на Академијата на Ал-Аин AЦMГ, за 1 декември годинава. Претседателот на ФИДЕ, Аркадиј Дворкович, рече дека оваа водечка иницијатива претставува камен-темелник на долгорочната глобална стратегија на ФИДЕ за развој на млади шаховски таленти и обезбедување еднаков пристап до настава од светска класа.
Програмата од 400 часа е дизајнирана да инспирира и да воздигне следна генерација шампиони, ќе се спроведува во 12 групи, на четири јазици (англиски, руски, шпански и француски) и ќе трае од декември 2025 до мај 2026 година, пишува ФИДЕ. Клучен белег на програмата ќе биде тренинг-кампот, кој ќе се одржи во две фази, онлајн фаза, проследена со камп со физичко присуство во Ал-Аин (ОАЕ), во средината на јануари 2026 година. Учеството во кампот ќе се утврди врз основа на критериуми за селекција што ќе бидат објавени подоцна.
ФИДЕ ги покани сите национални шаховски федерации да номинираат по четири млади перспективни играчи, по две момчиња и девојчиња на возраст од осум до 16 години за учество во оваа програма, пишува ФИДЕ. Г.И.