КАРАТЕ – МЛАДИНСКО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА
- Победниците обезбедија настап на ЕП 2026
Познати се македонските учесници на Европското првенство (ЕП) во Лимасол (Кипар), во февруари 2026 година, по одржаното Првенство на Македонија за кадети, јуниори и за помлади сениори (до 21 година) во два дена во салата „Крсте Мисирков“ во Скопје, во организација на Карате-федерацијата на Македонија (КФМ). На првенството учествуваа 220 каратисти од 48 клуба, натпреварувајќи се во повеќе категории според возраста и дисциплината, екипно и поединечно во дисциплините ката и борби. Победниците обезбедија настап на ЕП. Карате-клубот Штип е најуспешен со 24 медали, од кои 11 златни, осум сребрени и пет бронзени. Следуваат Дибра со 10 медали (6-4-0), Олимпик спорт со 14 (6-1-7), Ускана со осум (4-2-2), Кеикс со четири (4-0-0) итн.
Резултати: Ката: Кадетки: Драгана Николова (КК Тиквеш). Кадети: Матео Ѓоргиев (Гладијатор). Кадетки јуниорки, екипно: Бонсаи. Кадети јуниори, екипно: Заншин до. Јуниорки: Блерина Зенедели (Ускана). Јуниори: Нуредин Дервиши (Ускана). Помлади сениорки: Данка Стојкова (Сансаи М.А.). Помлади сениори: Марко Поптодоров (Гладијатор). Борби: Кадетки: Михаела Филиповска (до 47 кг, КК Автокоманда), Хира Фидани (до 54 кг, Олимпик спорт), Хена Франгу (до 61 кг, Дибра), Бруна Села (над 61 кг, Дибра). Кадети: Мерван Мемеди (до 52 кг, Кеикс), Дардан Алија (до 57 кг, Куштрими), Марко Џорлев (до 63 кг, Штип), Иса Елмази (до 70 кг, Фати), Немања Младеновиќ (над 70 кг, Металург). Јуниорки: Марија Јорданоски (до 48 кг, Бонсаи), Душица Бреслиева (до 53 кг, Штип), Драгана Ефтимовска (до 59 кг, Штип), Мила Штериева (до 66 кг, Штип), Метие Алиу (над 66, Шогун). Јуниори: Дамјан Митревски (до 55 кг, Кунсуто), Цветан Маргаритов (до 61 кг, Ботони), Дарин Куртановиќ (до 68 кг, Кеикс), Аид Авдиу (до 76 кг, Ринија), Даријан Николовски (над 76 кг, Шампион). Помлади сениорки: Миахела Мишовска (до 50 кг, Олимпик спорт), Мила Панчева (до 55 кг, Штип), Јована Мицовска (до 61 кг, Макпетрол), Ера Коџа (до 68 кг, Дибра), Ердона Зибери (до 68 кг, Фати). Помлади сениори: Андреј Стојчевски (до 60 кг, Кизаме), Матеј Белистојаноски (до 67 кг, Олимпик спорт), Љупче Михајлов (до 75 кг Штип), Данило Божовиќ (до 84 кг, Макпетрол), Филип Стојанов (над 84 кг, Партизан Кочани). Г.И.

































