Фото: Панче Тошковски/Фејсбук

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во објава на Фејсбук информира дека бил подложен на хируршка интервенција во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

-Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување, наведува Тошковски.

Тој во објавата уверува дека Министерството за внатрешни работи продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури.

-Целиот тим професионално си ги извршува обврските и моето привремено отсуство нема да има никакво влијание врз тековните процеси и активности, ниту пак врз безбедноста на граѓаните. Веднаш по завршувањето на периодот на опоравување, се враќам на редовно извршување на моите обврски во полн капацитет, додава Тошковски во објавата на неговата Фејсбук страница.