Фото: Пиксабеј

Поради блокадата на буџетот на САД и нефункционирање на дел од федералните служби кои земаат плата од владата, т.е. привремениот застој на работата на владини служби, над 3,2 милиони патници во САД биле погодени од доцнења и откажувања на летови. Проблемите произлегуваат од тоа што голем дел од персоналот за контрола на воздушниот сообраќај не земал плата, информира здружението на авиопревозници.

Организацијата „Авиокомпании за Америка“, која ги вклучува „Американ ерлајнс“ , „Јунајтед ерлајнс“, „Саутвест ерлајнс“, „Делта ер лајнс“ , „Џетблу ервејс“ и други големи превозници, соопшти дека 16 отсто од доцнењата во октомври биле предизвикани од проблеми со персоналот. Ова е значително зголемување во споредба со 5 отсто пред владиниот „шатдаун“.

Само во петокот биле погодени над 300.000 патници, додава организацијата.