Lavrov - Choe Son Hui
Фото: ЕПА

Министерката за надворешни работи на Северна Кореја Чое Сонг-хуи денеска во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и нејзиниот колега Сергеј Лавров.

– Големо задоволство ми е што Ве сретнав. Пренесете ги моите најдобри желби до шефот на државата (Ким Џонг-ун) – истакна Путин на средбата во Кремљ со Чое.

Додека Чое и Лавров, како што се наведува во соопштението на руското МНР, разговараа за актуелните билатерални односи.

Министрите ја потврдија својата цврста посветеност на спроведувањето на одредбите од Договорот за сеопфатно стратешко партнерство, се наведува во соопштението.

Лавров и Чое разговарале и за меѓународната ситуација и се согласиле дека „агресивните акции на САД и нивните сојузници се главната причина за зголемувањето на тензиите на Корејскиот Полуостров, во Североисточна Азија и во светот како целина“.

Северна Кореја испрати неколку илјади војници во Русија за да помогне во запирањето на украинската офанзива во рускиот Курски регион зимата 2024-2025 година. Пјонгјанг е исто така клучен снабдувач на артилериски гранати и ракети за Русија.