фото: Пекселс

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Атлантски Океан, а беше почувствуван во источниот дел на Карипско Море.

Земјотресот бил на околу 160 километри источно од францускиот остров Гваделупе на длабочина од 10 километри.

Земјотресот бил почувствуван и на островите Антигва и Свети Винсент и Гренадини, дел од Заветрени Острови.

Во истиот регион регистриран е и втор земјотрес со интензитет од шест степени на длабочина од 10 километри.

По земјотресите не беше издадено предупредување за појава на цунами.