Фото: КФМ

Во скопската кугларница „Мусандра“, утре (18 часот), ќе се одржи машкото финале на Купот на Македонија, а силите ќе ги одмерат скопските екипи ГТЦ Мусандра и Вардар 2014. Воедно, ќе бидат доделени одличјата за завршената натпреварувачка сезона 2024/2025 во Македонската кугларска лига (МКЛ), каде титулата ја освои Макпетрол.

Во полуфиналните дуели на Купот на Македонија за 2025 година се случи едно од најголемите изненадувања во македонското куглање. Имено ГТЦ Мусандра го победи убедливо најдобриот и најмногукратен првак на Македонија, Макпетрол со 6-2 во поединечни дуели и заедно со Вардар 2014 кој беше поуспешен од битолски Пелистер исто така со 6-2 се финалисти на домашниот Куп.

Новиот формат по кој се одигрува Купот ги елиминираше фаворитите и Македонија ќе добие нов освојувач на Купот, а тоа ќе биде прва титула за ГТЦ Мусандра или трета за Вардар 2014.

Г.И.