Фото: ТФМ

ТЕНИС

По успешниот настап годинава и промоцијата во Втората светска група во Дејвис-купот во тенис, репрезентацијата на Македонија денеска го доби првиот ривал во ова натпреварување во 2026 година. Тоа е селекцијата на Кипар, која ќе биде домаќин на мечот, пишува Тениската федерација на Македонија (МТФ). Терминот за одигрување на мечевите е февруари в година. Ова ќе биде единствениот дуел на европски селекции во Втората светска група. Досега Македонија и Кипар одиграа три меѓусебни меча и резултатот е 2-1 во победи за Кипар, а сите дуели беа одиграни во Третата евро-африканска зона на Дејвис-купот.

Втора светска група, двојки: Кипар – Македонија, Нигерија – Узбекистан, Р. Ирска – Сирија, Јамајка – Уругвај, Пакистан – Сенегал, Баебадос – Боливија, Доминиканска Република – Летонија, Грузија – Бермуда, Јужна Африка – Црна Гора, Бенин – Салвадор, Намибија – Естонија, Индонезија – Того, Тајланд – Порторико. Г.И.