Vranec World Day 2025

Со големо задоволство најавуваме дека Здружението „Вина од Македонија“, на 4-ти октомври, во Музејот на современата уметност во Скопје, ќе биде домаќин на 7-мото издание на Vranec World Day, Светскиот ден на вранецот. Оваа година винскиот салон се одржува под мотото: „Каде што виното се среќава со уметноста“, и гордо ја слави винската сорта Вранец, претставувајќи го Балканот пред светот како вински регион во подем.

Овој уникатен настан ги обединува најреномираните винари, јавни личности, љубители на вино и гастрономи од целиот регион. Присутните ќе можат да уживаат во дегустации на врвни вина, културна програма, музика и дружење со водечките имиња од винскиот свет.

Пред одбележувањето на Светскиот ден на Вранецот, „Вина од Македонија“ ќе организира Научна конференција за Вранец, која ќе се одржи на 3 октомври во соработка со Земјоделскиот институт – Скопје. Конференцијата претставува единствена платформа што ги спојува науката, виното и уметноста, а на неа врвни научници и истражувачи од Македонија и регионот ќе ги презентираат најновите сознанија и истражувања за автохтоната сорта Вранец.

Vranec World Day е многу повеќе од вински настан – тоа е прослава на културното наследство и потенцијалот на нашиот регион. Секоја година, Вранецот ја поставува Македонија на светската винска мапа како амбасадор на квалитет и автентичност. Вранецот со својата моќна арома и уникатен карактер ја носи приказната за нашите вина низ целиот свет.

Билетите за винскиот салон се веќе во продажба по симболична цена. Oбезбедете го вашето место преку официјалната веб-страница: www.vranecworldday.com и бидете дел од вечерта која го слави спојот на виното и уметноста.

Детали за настанот:
• Датум: 4 октомври 2025
• Локација: Музеј на современата уметност, Скопје
• Време: 18 часот
За повеќе информации и медиумски акредитации:
[email protected]
www.vranecworldday.com