Францускиот кривично-правен систем покажува висока енергичност против семејното насилство... - Илустрација: „Нова Македонија“

ФРАНЦИЈА: ЗА ШЕСТ ГОДИНИ БРОЈОТ НА ПРИЈАВИТЕ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ДВОЈНО СЕ ЗГОЛЕМИЈА

  • Повеќе од 244.000 жртви на семејно насилство поднеле пријави (тужби) во 2022 година. Системот, кој почна да дава резултати, ги охрабри лицата да пријават и најмали закани за семејно насилство, па бројот е зголемен за 15 отсто во споредба со 2021 година. Таа бројка на пријави во Франција е дури и двојно зголемена во споредба со 2016 година

Во 2022 година, во Франција 244.156 лица поднеле пријави (тужби) бидејќи сметале дека биле жртви на семејно насилство, според извештајот објавен во ноември 2023 од Министерството за внатрешни работи. Тоа е 15 отсто повеќе отколку во 2021 година и двојно повеќе отколку во 2016 година.
– Не гледаме пораст на насилството, туку пораст на поднесени пријави! – ова го објаснува Ан-Сесил Мелферт, претседателка на Фондацијата за жени. Зголеменото охрабрување на говор и поттикнување за да се пријави каков било обид на семејно насилство, мотивирано од движењето #metoo кон крајот на 2017 година, понатаму со работата на здруженијата од оваа област, разните гласни и перманентни владини кампањи на оваа тема и подобрените услови за прием во полициските станици, како и во судско-обвинителскиот пристап за третман и процедура против семејното насилство… сите тие услови придонесоа за ова значително зголемување на охрабрувањето и иницирање процес за борба против ова општествено зло.
– Има длабока промена во општеството, на општата свест. Сè повеќе жени ги отвораат очите за својата ситуација, не молчат за насилството што го трпат и се посвесни за процедурите – вели Мелферт.

Од август 2021 година, Министерството за внатрешни работи побара од полицајците и жандармерите „дефинитивно да се преструктурираат (да се обучат за процедурите) по прашањето на пријавувањето и поднесувањето пријави во случаи на семејно насилство и инстантно тие вербални или нецелосни пријави веднаш да се претворат во сериозни поднесоци во вид на тужби, така што обвинителот детално да биде систематски информиран за нив, со што се отвора кривична постапка“!

За разлика од тужбата, до скоро обичната пријавата (за семејно насилство) пренесена до полицијата од страна на жртвата генерално не се проследуваше до обвинителот бидејќи неговата цел не е да се поведе постапка против сторителот – кој не е доволно информиран за тоа… Сега и полицијата ја рафинира процедурата и ја подигна на повисоко ниво на реакција… Т.Г.


Зголемување на бројот на пресуди за семејно насилство во Франција

Затворски казни во 87 отсто од случаите!

На суд, обвинетите во голема мера се осудени (93,1 отсто во 2023 година) на затворски казни во 87 отсто од случаите.

Во 2023 година, 41.346 затворски казни биле изречени за семејно насилство, бројка што е повеќе од двојно зголемена од 2017 година (17.757), според Министерството за правда.

Според парламентарен извештај објавен во 2023 година, една третина од случаите во 2021 година вклучувале затворски казни, при што просечната затворска казна се зголемила од 8,2 месеци во 2017 година на 9,3 месеци во 2021 година.