Фото: Пиксабеј

Автор: Д-р Маргарита Јовеска Крстеска, дерматовенеролог

Со затоплување на времето природата почнува да се буди и заедно со неа се будат многу инсекти кои можат да бидат закана по човековото здравје. Постојат многу видови на инсекти –пчела, оса, стршлен, комарец, пајак, крлеж и др. После убодот од инсектите може да се појават различни нарушувања на човековото здравје. Реакциите настануваат затоа што при убодот инсектите внесуваат во телото различни невротропни, алргиски и токсични супстанци кои ги предизвикуваат реакциите

Реакциите можат да бидат локални како црвенило, оток, болка и јадеж кои се смируваат за два до три дена. Потребно е да се стави ладна облога , потоа да се нанесе некој кортикостероиден или антихистамински крем.
Но реакциите можат да бидат и системски со нарушување на виталните функции. Најчести системски реакции се алегиските реакции кои можат да бидат лесни, средно тешки или тешки од типот на анафилактични реакции кои можат да завршат со смрт. При првиот убод најчесто настанува лесна алергиска реакција, но после две недели организмот е веќе сензибилизиран и при нареден убод реакцијата може да биде тешка па дури и смртносна.
Воедно при каснување од инсекти можат да се пренесат на човекот различни вирусни, бактериски и паразитарни заболуваеа познати како трансмисивни болести.

УБОД ОД ПЧЕЛА – Пчелата прави само еден убод и по тоа се разликува од оса. На местото на убодот ја остава игличката заедно со дел од нејзините органи а после тоа истата умира . Честопати луѓето кои се каснати од пчела можат да го видат тоа. После убодот треба игличката внимателно да се отстрани, доколку остане некој дел од игличката може да настане инфекција.

УБОД ОД ОСА И СТРШЛЕН – За разлика од пчелата, осата не ја остава игличката и може на направи повеќе убоди на мала површина. Убодот од оса е болен, на местото настанува црвенило, оток, чешање и болка. Стршленот по својата градба е сличен на осата, но убодот е поинтензивен.

УБОД ОД КРЛЕЖ – Тоа е паразит кој се храни со крв од животни и човек. Крлежот е со димензии од 3 до 4 сантиметри женката, а мажјакот е нешто поголем. Живее во предели каде што има богата вегетација, трева, грмушки и кога имаат потреба за храна се спушраат на телото од некое животно најчесто глодари, куче, маче или човек. Доколку претходно бил на телото од животно кое е заразено од некоја болест , тогаш веројатноста да се пренесе болеста на човекот е многу голем. Тоа е така затоа штом падне крлежот на човеково тело тој прво движи низ телото со цел да најде поволно место каде ке се вгнезди. При закопување на своите рилки испушта аналгезична, анестетична и хемолитичка материја. Тие материи не дозволуваат да се јави болка, а антикоагулантната супстанца ја прави крвта поразредена за шмукањето на крв да биде олеснато. Она од што најмногу стравуваме е дали е заразен со Borelia, која го предизвикува заболувањето лајшманија. На местото од убодот се појавуав црвена папула која после една до две недели почнува концентрично да се шири добивајќи форма на прстен со периферен елевиран раб, а централно слабо атрофирана кожа. Овој прстен секој нареден ден станува се поголем што е уште еден аларм за да се јави пациентот на лекар. Лекувањето во оваа прва фаза е со антибиотици од групата на пеницилин или тетрациклин, во спротивно болеста ке премини во хроницитет поточно во втора фаза каде се среќава широка симптомтологија како покачена температура, нагон за повраќање, испади од страна кардиоваскуларе систем, очи, мозок како и реуматолопшки проблеми. Доколку и во оваа фаза не се спроведе лекување тогаш настанува третата фаза со атрофија на местото каде што бил убодот со доза на инвалидитет.

Превенцијата на убодите

При прошетка во природа да не се користат парфеми и дезодоранси бидејќи тие ги привлекуваат инсектите.
Да се носи облека со долги ракави и долги пантоломи, шешир како и затворени обувки.
Кожата да се премачка со репелентни креми кои ќе ја заштитат од убод.
Луѓето кои се алергични на некои инсекти да носат инјектори за стабилизација на виталните функции се до првата лекарска установа.