Стапката на слободни работни места во второто тримесечје од 2025 година изнесува 2,08%, а најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,54%.
Највисока стапка на слободни работни места од 3,77% има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0,36%.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 лица имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,69%.