Фото: Нетаnнјаху/инстаграм

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека одлуката на неговиот кабинет за безбедност да ѝ нареди на армијата да го преземе градот Газа во наредните месеци е „недвосмислена“.

– Израел ќе дејствува решително и енергично за да ги врати сите свои заложници и да го победи Хамас – ѝ пренел Нетанјаху на американската сенаторка Џони Ернст од Ајова, со која се сретнал вчера во неговата канцеларија во Ерусалим, наведува „Тајмс оф Израел“.

Нетанјаху ѝ рекол на републиканката Ернст, со која се сретнал и во април годинава, дека мисиите за уништување на Хамас и ослободување на заложниците се „испреплетени“.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека војната во Појасот Газа ќе заврши за неколку недели, без да прецизира како би завршил конфликтот.

Трамп изјави дека „многу комуницира“ со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и дека му рекол дека војната во Појасот Газа мора наскоро да заврши, јавија претходно британските медиуми.