Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Владата донесе одлука за набавка на сто нови модерни амбулантни возила, најави денеска премиерот, Христијан Мицкоски, кој по увидот во градежните активности на детската градинка во скопско Драчево одговараше на новинарско прашање, дали се планира набавка на медицински возила со оглед дека сегашните се застарени.

Тој посочи дека на последната седница на Влада е донесена одлука за отпочнување на набавка за купување на сто нови модерно опремени амбулантни возила.

– Наш главен приоритет е обновата на овој тип на возен парк во јавните медицински установи, имајќи во предвид дека таму е катастрофално алармантна состојбата, бидејќи таму луѓето се потпираат на оние возила кои се донација. Како Влада на последната седница донесовме одлука за отпочнување на 100 нови модерно опремени возила, кои ќе бидат распределени во јавните здравствени установи ширум државата – изјави премиерот Мицкоски.