Формирањето на војската на Косово можеби е најголем, но е само еден од проблемите со ‘ѕвецкањето со оружје’ со кои се соочува српската страна во ова политички запалливо подрачје. Имено, косовската полиција започна со акција за легализација на оружјето, а проценките се дека цивилите поседуваат меѓу 240 и 260 илјади парчиња останати од деновите на војната.
Колку за споредба, Косово има 1,8 милиони жители, војската би требало да има 5.000 припадници, па не е лесно да се дојде до заклучок колкави се размерите на вооружени цивили.
Полицијата смета дека легализацијата на оружјата ќе овозможи Косово да стане побезбедна средина бидејќи според нивното мислење, далеку поголем проблем е што поголем дел од оружјето е илегално.
Инаку, проблем на огромното количество на оружје не е само косовската специфичност, туку и општата загриженост дека на западниот Балкан, од Хрватска до Македонија, се ‘скриени’ меѓу три и шест милиони парчиња оружје, покажуваат податоците на Европол, пишуваат хрватските медиуми.