Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека го поздравува процесот започнат од американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за прекин на војната во Украина. Тој нагласи дека наредните денови ќе покажат дали големите земји членки на Европската Унија ќе го поддржат овој процес.
– Претседателите започнаа витален процес во Алјаска – напиша Фицо на „Фејсбук“.
Тој се дистанцираше од мнозинството западни сојузници, откако двапати ја посети Москва минатата година и одби да испрати официјална воена помош на Украина.
– Следните денови ќе покажат дали големите играчи во ЕУ ќе го поддржат овој процес… или пак ќе продолжи неуспешната европска стратегија за слабеење на Русија преку овој конфликт со буквално неверојатни финансиски, политички и воени средства за Киев – заклучи словачкиот премиер.