Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за 13,5 отсто споредено со истиот период 2024 година. Бројот на странските туристи е поголем за 19,7 отсто во 2025 година споредено со истиот период 2024 година. Бројот на домашните туристи е помал за 2,5 отсто споредено со истиот период 2024 година, објави македонскиот премиер Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук.
Тој пишува дека во истиот период од 2025 година има за 8,5 отсто повеќе реализирани ноќевања споредено со првата половина од 2024 година.
-Нашата Македонија е преубава, ако бројот на странските туристи се зголемува со ниво од 20 отсто годишно и наоѓаат причина да ги посетат македонските градови и села, македонските езера и планини, да уживаат во прекрасната македонска традиционална кујна и вина, тогаш тоа е доволна причина сите ние заедно да уживаме во убавините на Македонија – пишува премиерот Мицкоски на Фејсбук.