Фото: ДЗС

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека во текот на вчерашниот ден биле евидентирани повеќе од 20 пожари на отворен простор низ државата, од кои два се оценети како најсериозни.

-Најтешкиот пожар е оној во Јасен, но предмалку изгубивме контрола и на еден крак од пожарот во Јегуновце, кој гори на рид каде што има неколку репетитори. Репетиторите се успешно спасени и остануваат функционални, но пожарот е сè уште активен, изјави Ангелов.

На терен дејствува еден полициски хеликоптер, а според проценките на Дирекцијата, се очекува пожарот во Јегуновце да биде ставен под целосна контрола во текот на денешниот ден.