Од 14 до 30 август на западната тераса на Братиславскиот замок во Словачка, ќе се одржи третото издание на меѓународната изложба „Батерфлајс ин д соул“, во организација на невладиното здружение „Сме жени“ од Братислава, во соработка со Националниот совет на Република Словачка.
Македонија годинава ќе биде претставена од двајца истакнати автори: Филип Фидановски, со 7 скулптури во керамика од изложбата „Пикасо можеби јас 2“, и Ана Митевска, со 4 слики акрил и масло на платно од циклусот „Надеж“. Настанот е под мотото „Уметноста поврзува“, а ќе се претстават уметници од повеќе земји од Европа.
Претставувањето на македонските уметници се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам, со поддршка на Македонската амбасада во Братислава и организациска поддршка на „Архифакт“ од Скопје.