Литературно катче
Очите на Ана се две отворени прозорчиња
низ кои таа ѕирка љубопитно
и сѐ ѝ е интересно, и сѐ ѝ е блиско.
Очите на Ана се како две сјајни џамлии,
шират ведрина и распрснуваат светлина,
од нив се разлеваат благост и милина.
Очите на Ана се две насмеани ѕвездички
кои трепкаат радосно, подготвени
да видат и да научат сѐ во летот.
Очите на Ана се вид виделина
за мама и тато,
радост за бабите и дедовците,
за чичковците и вујковците…
Очите на Ана се факели што горат
во многу срца, тие се извор на добрина,
што допрва ќе го обои светот.
Автор: Марија Таушанска