Фото: ЕПА

КОШАРКА – НБА

Хјустон ќе гостува кај Оклахома, а Голден стејт ќе игра кај Лос Анџелес лејкерс на 21 октомври, мечеви со кои почнува новата сезона во кошаркарската НБА-лига, објавија ЕСПН и „Атлетик“, пренесе агенцијата „Ројтерс“. Оклахома ќе го крене своето прво шампионско знаме пред тој натпревар. Голден стејт и ЛА лејкерс ќе се сретнат потоа, кога Џејмс ќе влезе во својата осма сезона со Лос Анџелес, а Лука Дончиќ ќе ја почне својата прва целосна сезона со ЛА лејкерс. На отворањето на сезоната ќе играат Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурант и актуелниот најкорисен играч Шеј Гилџус-Александер, пренесе „Ројтерс“. Г.И.