Фото: Пиксабеј

Меѓународниот тим научници зад студијата користеле интензивни ултракратки ласерски зраци за да потиснат тенки фрагменти од злато преку точка позната како ентрописка катастрофа – точка во која цврстата материја станува премногу жешка за да се спротивстави на топењето. Во феноменот наречен прегревање, цврстата материја може да се загрее премногу брзо за нејзините атоми да имаат време да преминат во течна состојба. Кристалите можат да останат недопрени далеку над стандардната точка на топење, иако за многу кратко време. Се смета дека ентрописката катастрофа е трипати поголема од стандардната точка на топење.
Користејќи нов метод за пресметување на енергијата на рефлектираните Х-зраци за прецизно мерење на апсорбираната топлинска енергија, тимот открил дека златото може да се загрее 14 пати повисоко од таа граница пред конечно да се претвори во течност. Колку и да звучи изненадувачки, резултатите не ги прекршуваат законите на термодинамиката – тие само покажуваат дека понекогаш реакциите се случуваат пребрзо за да се применат законите на термодинамиката.
– Ова мерење не само што ги надминува претходно предвидените граници за катастрофата на ентропијата туку сугерира и многу повисок праг за прегревање на цврстите тела, со што се преработува фундаменталното разбирање за стабилноста на цврстата фаза под екстремни услови – пишуваат истражувачите.
Импликациите се интригантни и возбудливи за физичарите: можно е некои цврсти материи воопшто да немаат точка на топење, барем кога се прегреваат за ултракратки временски периоди.