Актерот Бред Пит купи монтажна куќа во Калифорнија, дизајнирана од грчкиот архитект Николаос Ксастерос во 1969 година, која претходно ја реставрирал познатиот француски архитект и дизајнер на мебел Клемент Чивидин. Тој ја изложил оваа куќа, бисер на монтажна архитектура, во изложбен простор во шпанскиот град Сан Клементе Сесебес, а американскиот актер откако дознал за неа се заинтересирал да ја купи.
Куќата, која наликува на НЛО, е направена од фиберглас, има дрвени подови и површина од 45 квадратни метри. Таа била преместена во Соединетите Американски Држави кон крајот на минатата година во два големи контејнера. Склопена е во Калифорнија, каде што Пит има и други куќи од овој тип во својата колекција.
Куќата, наречена „Ксастерос хаус“, била пронајдена напуштена во Грција од Сивидино и била купена во 2023 година за потоа целосно да биде реставрирана. Сивидино изјави дека Бред Пит е страстен љубител на архитектурата и дека поседува колекција од неколку модели на уникатни куќи дизајнирани од меѓународни архитекти, а има и љубов кон дизајнерскиот мебел, до тој степен што создал своја линија мебел.
Според Сивидино, Пит, исто така, ги здружил силите со американскиот архитект Френк Гери во проект за обезбедување домување за повеќе луѓе што останаа без покрив над главата од ураганот Катрина во 2005 година.