Остварлива е стапката на економскиот раст на земјава од 3,2 отсто за оваа година, иако ММФ и Светска банка деновиве излегоа со проекција дека годинава економскиот раст ќе биде 2,8 отсто – смета претседателот на Македонската Академија на Науките и уметностите Таки Фити.
Фити вели дека по надминување на политичката криза полека почнале да растат инвестициите и личната потрошувачка.
-Многу е важно како ќе се држи извозот, кај извозот имаме квалитативни подобрувања, поместувања, благодарение на странските инвестиции во зоните. Значи оваа стапка е остварлива. Инаку Македонија не оваа година, туку 2019 година и натаму мора да направи се да постои стапки на раст меѓу 4,5 и 5 отсто. Тоа е потенцијалот на македонската економија, ако сакаме да одиме напред – рече Фити.