Фото: Маја Јаневска-Илиева

Со два автомобилa и полициска придружба од Основниот суд во Кочани се врши транспортот на предметот за пожарот во диксотеката „Пулс“ во Кочани, во која животите ги загубија 62 лица, а над 200 беа повредени. Претседателот на Апелациониот суд-Штип, Тони Делев за МИА информира дека транспортот е во тек.

-Од Основниот суд во Кочани заедно со сите списи и докази, коишто се приложени се носат во Основниот Кривичен суд Скопје, согласно одлуката на Врховниот суд и таму ќе биде предаден на службите за понатамошна постапка – вели Делев.

Во изјавата за МИА посочува дека станува збор за обемен материјал, а доказниот материјал е сместен во две возила.

– Понатаму ќе одлучува Основниот Кривен суд Скопје, ќе се оценува актот, вероватно тука ќе има приговори, ќе се спроведе цела постапка како што предвидува Законот – рече Делев.

Инаку, во истражната постапка за предметот „Пулс“ беа ангажирани сите судии во Основниот суд во Кочани, еден од Виница, тројца судии од Основниот суд во Штип и сите судии од штипска Апелација за за жалбените постапки и решенијата за притвор. Во овој предмет опфатени се 34 лица и три правни субјекти.