Полициски тим на Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица вчера разбил меѓународен канал за трговија со дрога. Во акцијата, како што информира денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, полицијата запленила околу 100 килограми марихуана и биле уапсени неколку лица.
Министерот на денешната прес-конференција по средбата со литванскиот министер за внатрешни работи Владислав Кондратович, информира дека полициските службеници ќе бидат наградени.
-Сакам да се заблагодарам на полициските службеници кои што учествуваа директно во рамки на оваа акција. Информиран сум дека ова било мошне сложено , така кажано, филмско апсење на криминалците кои ја транспортирале дрогата, така што благодарност до нив, честитки за сработеното – изјави министерот за внатрешни работи.
Додаде дека целта на транспортот, според првичните информации, била марихуаната да биде изнесена надвор од државата.
Во однос на наградувањето на полициските службеници министерот бил информиран од началникот на СВР Струмица дека ќе даде предлог полициските службеници што учествувале во акцијата.
-Јас со задоволство ќе го прифатам предлогот и соодветно, согласно законот, ќе ги наградиме полициските службеници кои во рамки на своето работење ја извршија оваа акција – кажа министерот