Фото: ЕПА

Интеграцијата на земја во војна би претставувала сериозна закана за стабилноста на ЕУ, предупреди унгарскиот премиер Виктор Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изрази силно противење на потенцијалното пристапување на Украина во Европската Унија (ЕУ). Тој предупреди дека интеграцијата на земја во војна би претставувала сериозна закана за стабилноста на Унијата.

Зборувајќи во пресрет на самитот на Европскиот совет во Брисел, Орбан рече дека 95 проценти од Унгарците гласале против пристапувањето на Украина во Европската Унија.
– Проблемот е војната. Ако ја интегрираме Украина во Европската Унија, ќе интегрираме и војна – рече Орбан.

Тој нагласи дека Унгарија не сака да дели политичка и економска заедница со земја што моментално е во конфликт.
– Не би сакале да бидеме заедно во една заедница со земја што е во војна и претставува непосредна опасност за нас. Ако членка на Европската Унија е во војна, тоа значи дека и Европската Унија е во војна, а тоа не ни се допаѓа – додаде тој.

Коментарите на Орбан ги нагласуваат длабоките поделби во ЕУ околу кандидатурата на Украина за членство, додека неколку земји членки се залагаат за побрза интеграција во услови на тековната војна со Русија.

Сепак, Унгарија продолжува со ветото, наведувајќи безбедносни и геополитички причини. Р.С.